ЈА ПРЕТЕПАЛ И ЈА ЗАГРОЗИЛ СИГУРНОСТА 30 дена притвор за Корабоски
31-годишниот Кристијан Корабоски е осомничен за три кривични дела по насилството врз неговата 26-годишна девојка Сара во Охрид. Обвинителството ја испитало оштетената и наредило вештачење на повредите.

Основниот суд му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот Кристијан Корабоски, кој се сомничи за три кривични дела поврзани со насилството врз неговата 26-годишна девојка Сара во Охрид.
Според Обвинителството, при насилниот инцидент Корабоски противправно ја затворил девојката, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ѝ ја загрозил сигурноста.
Во текот на вчерашниот ден, јавниот обвинител презел повеќе дејствија за утврдување на околностите на случајот. Оштетената била испитана во присуство на претставници на социјалните служби, а било наредено и извршено вештачење за утврдување на видот и карактерот на повредите.
„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопштија од Обвинителството.
Со одлуката за 30-дневен притвор, судот треба да обезбеди непречено водење на постапката, додека надлежните институции продолжуваат со расветлување на случајот.

