КАКОВ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО УНГАРИЈА 19,5 милиони долари закопани во шуми и скриени во сефови

Унгарските истражители заплениле огромни суми пари во готовина во акција против поранешен министер од владата на Виктор Орбан, осомничен за примање мито и нелегални провизии вредни над 37 милиони долари

КАКОВ КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО УНГАРИЈА 19,5 милиони долари закопани во шуми и скриени во сефови
Фото: Принтскрин

Унгарските власти запленија околу 19,5 милиони долари во готовина, пронајдени на различни локации низ земјата – закопани во шуми, скриени во магацини, земјоделски објекти и сефови, објавува „Гардијан“.

Големата акција била спроведена на 12 и 13 ноември, во рамките на истрага против Миклош Шестак, поранешен министер за национален развој во владата на Виктор Орбан, кој ја извршувал функцијата од 2014 до 2018 година.

За време на претресите биле откриени огромни количества готовина на повеќе изолирани локации, а запленетите пари биле префрлени во унгарската државна каса. Дванаесет вработени осум часа ги броеле банкнотите со помош на пет машини за броење пари.

Шестак е осомничен за примање мито и нелегални провизии во вредност од повеќе од 37 милиони долари. Истрагата опфаќа сомневања за корупциска шема поврзана со купување половни автобуси за државната транспортна компанија по цени значително повисоки од пазарните, како и со градежни проекти. Тој ги негира обвиненијата.

Истрагата е дел од пошироката акција на новата унгарска влада за испитување на наводните злоупотреби на државни средства за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Премиерот Петер Маѓар ја оцени заплената како можна пресвртница во борбата против корупцијата, изјавувајќи дека ова го означува крајот на „мафијата Фидес-КДНП“.

Орбан засега не ја коментирал најновата заплена, а претходно истрагите против неговите поранешни соработници ги оценуваше како политички прогон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DW News (@dwnews)

CATEGORIES
Share This