НОВА ПРЕСУДА ЗА ХАШИМ ТАЧИ ВО ВТОРНИК Обвинителството бара уште шест години затвор
Поранешниот лидер на ОВК и уште четворица обвинети се соочуваат со пресуда за попречување на правдата.

Поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, во вторник, 17 ноември, во 10 часот ќе ја дознае пресудата во судскиот процес за попречување на правдата пред Специјализираните совети на Косово во Хаг.
Покрај Тачи, во овој предмет се обвинети и поранешниот шеф на Косовската разузнавачка агенција Башким Смакај, поранешниот градоначалник на Малишева Исни Килај, Фадил Фазлиу и поранешниот министер за правда на Косово, Хајредин Кучи.
Според обвинението, Тачи и останатите обвинети се товарат за обиди за незаконско влијание врз сведоци во постапките за воени злосторства. Обвинителството тврди дека во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, Тачи им доставувал доверливи информации за сведоци и инструкции како да се влијае врз нивните искази.
Обвинителството побара Тачи да биде осуден на шест години затвор, при што времето поминато во притвор да не биде пресметано во казната.
Против него се поднесени обвиненија за обиди за попречување на службени лица, нарушување на доверливоста на постапката и непочитување на судот.
Судењето започна на 27 февруари 2026 година, а завршните зборови беа презентирани од 10 до 14 септември. Во текот на постапката сведочеа четворица сведоци.

