ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЕУ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ПЛАТИТЕ Португалија со најголем јаз, следуваат Холандија и Унгарија

Според статистиката, во 17 земји-членки е зголемен јазот меѓу цените на становите и приходите, додека на ниво на ЕУ растот изнесува 6,8 проценти.

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЕУ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ПЛАТИТЕ Португалија со најголем јаз, следуваат Холандија и Унгарија

Купувањето стан станува сè потешко за граѓаните во Европската Унија, бидејќи цените на недвижностите во изминатата деценија во многу земји растеле побрзо од приходите на домаќинствата. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за периодот од 2015 до 2025 година.

Според статистиката, во 17 земји-членки е зголемен јазот меѓу цените на становите и приходите, додека на ниво на ЕУ растот изнесува 6,8 проценти.

Најголема разлика е забележана во Португалија, со раст од 60,8 проценти, по што следуваат Холандија (34,3%), Унгарија (26,5%), Чешка (25,8%) и Шпанија (24,5%).

Спротивен тренд има во десет земји, каде што јазот се намалил. Најголем пад е регистриран во Романија (-42,8%) и Финска (-25,2%).

CATEGORIES
Share This