ИТНА ПОРАКА ОД ХАМНЕИ ДО ПУТИН Иранскиот лидер побара што поскоро да стигне до Кремљ

Пораката лично ја пренел секретарот за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, на средбата со Путин.

ИТНА ПОРАКА ОД ХАМНЕИ ДО ПУТИН Иранскиот лидер побара што поскоро да стигне до Кремљ
Фото: Принтскрин

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, побарал негова порака до рускиот претседател Владимир Путин да биде пренесена во најкраток можен рок. Пораката лично му ја доставил секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, за време на средбата со Путин во Кремљ.

„Врховниот лидер на Иран сакал што е можно поскоро да му ја пренесам неговата порака на господинот Путин“, изјави Резаи, пренесува иранската новинска агенција ИРНА.

На средбата, според Резаи, биле разгледани состојбите на Блискиот Исток, вклучително и повоената ситуација, како и безбедносните прашања во регионот.

Резаи посочи и дека Путин го осудил бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки, оценувајќи ја војната против Иран како неправедна.

CATEGORIES
TAGS
Share This