ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ НА РАБОТ НА ПРОПАСТ Министерството бара Обвинителството да ги провери СДСМ и ДУИ

Ревизорските извештаи откриле сериозни проблеми во работењето на Македонски железници - Транспорт и Инфраструктура, а Министерството бара надлежните институции да постапат по наодите.

ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ НА РАБОТ НА ПРОПАСТ Министерството бара Обвинителството да ги провери СДСМ и ДУИ
Фото: Принтскрин

Министерството за транспорт бара Јавното обвинителство да ги провери наодите од ревизорските извештаи за работењето на Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура. Од Министерството обвинуваат дека претходните раководства, именувани од СДСМ и ДУИ, ги довеле двете јавни претпријатија на работ на пропаст.

Од Министерството за транспорт бараат Јавното обвинителство и другите надлежни институции да постапат по утврдените неправилности во ревизорските извештаи за двете железнички претпријатија.

Според Министерството, ревизијата открила сериозни проблеми во финансиското работење и усогласеноста со законските прописи, кои, како што тврдат, биле игнорирани од претходните раководства.

„Апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија“, наведуваат од Министерството, најавувајќи дека извештаите во целост ќе бидат доставени до Обвинителството.

Од Министерството посочуваат дека Државниот завод за ревизија треба по службена должност да ги достави извештаите до надлежните институции, кои треба да постапат согласно утврдените наоди.

Ревизијата го опфаќа работењето на Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура до 2024 година, вклучително и финансиските извештаи и усогласеноста на работењето.

Според Министерството, извештаите се изготвени на барање на актуелните раководства, кои веќе презеле мерки за надминување на констатираните проблеми.

CATEGORIES
Share This