АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ На овие четири патни делници демнат одрони!

Сообраќајот се одвива непречено, коловозите се претежно суви, а на граничните премини нема подолги задржувања.

АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ На овие четири патни делници демнат одрони!
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а коловозите се претежно суви. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.

Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This