УХМР СО НАЈНОВА ПРОГНОЗА Утринска магла, а температурите ќе достигнат до 17 степени
Во одделни котлини ќе има услови за магла, а во текот на денот се очекуваат сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.

Фото: Национал
Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува денеска низ Македонија. Во одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а минималната температура ќе се спушти до 0 степени, додека максималната ќе достигне до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

