ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ, ВИСТИНСКИ ПАРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП Со лажни податоци во електронскиот индекс заработиле 21.000 евра

Според Обвинителството, во периодот од 2021 до 2026 година незаконски менувале, бришеле и прикривале податоци во системот за електронски индекс, со што прибавиле материјална корист проценета на околу 21.000 евра.

ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ, ВИСТИНСКИ ПАРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП Со лажни податоци во електронскиот индекс заработиле 21.000 евра
Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомнение дека како соизвршители сториле кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и компјутерска измама.

Осомничените биле вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Првиот осомничен бил раководител на Секторот за „Е-Индекс“, додека второосомничената работела како референт за студентски прашања на еден од факултетите.

Според наводите на Обвинителството, во периодот од 2021 до 2026 година, второосомничената, по добиени насоки од првоосомничениот, внесувала невистинити податоци во информатичкиот систем на Универзитетот.

Со незаконско менување, бришење или прикривање податоци во базата на електронскиот индекс, осомничените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на информациите.

На тој начин, според Обвинителството, си прибавиле поголема материјална корист, која засега се проценува на околу 21.000 евра. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Постапката продолжува, а сомневањата и одговорноста на пријавените треба да бидат утврдени во судска постапка.

СКАНДАЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП Менувал оценки, запишувал семестри и земал пари од студенти

CATEGORIES
TAGS
Share This