ЈЕЕЈ СО НОВИ МУЗИЧКИ ПРИКАЗНИ Од Ацо Сариевски до необичната средба на Симон Трпчевски со една мува

Преку занимливости, музички приказни и игри, децата имаат можност да дознаат нешто неочекувано за музиката, да запознаат значајни музички имиња и да ја откриваат нејзината разновидност на забавен и пристапен начин.

ЈЕЕЈ СО НОВИ МУЗИЧКИ ПРИКАЗНИ Од Ацо Сариевски до необичната средба на Симон Трпчевски со една мува
Фото: PR Manager

Дали знаете дека Моцарт имал сколовранец за домашен миленик? А дека познатиот пијанист Симон Трпчевски за време на концерт во Сомбор се соочил со необичен музички противник – мува што му летала околу главата додека свирел?

Во светот на музиката има безброј вакви неочекувани приказни, но и големи имиња што оставиле траен белег. Едно од нив е и Александар Ацо Сариевски, еден од најзначајните интерпретатори на македонската народна музика, чија импресивна кариера е претставена во рубриката „Македонска музичка азбука“.

Овие и уште многу интересни музички приказни се дел од третата епизода на детското музичко шоу „ЈЕЕЈ!“ на „Светот на Биби“, која беше емитувана во саботата, на 24 октомври. Биби, Боби, Тина и Моника повторно ги поканија најмладите во свет исполнет со музика, дружење и нови можности за откривање.

Преку занимливости, музички приказни и игри, децата имаат можност да дознаат нешто неочекувано за музиката, да запознаат значајни музички имиња и да ја откриваат нејзината разновидност на забавен и пристапен начин. Секоја епизода носи нова причина за љубопитност и потсетува дека музиката може да биде почеток на едно прекрасно патување кон откривањето на сопствените интереси и таленти.

Понекогаш е доволна само една мелодија за да се роди насмевка, еден ритам за да поттикне танц, а еден нов звук за да ги разбуди љубопитноста и желбата за истражување. Во детството, кога светот се открива преку играта, прашањата и новите искуства, музиката станува многу повеќе од звук – таа е начин на изразување, извор на радост и можност секое дете да открие нешто ново за себе.

Бидејќи не е најважно секое дете да стане музичар, туку да добие можност да открие што го радува, што го инспирира и на кој начин сака да го изрази својот свет. Можеби токму една песна ќе ја разбуди желбата за пеење, некој ритам ќе ги поттикне првите танцувачки чекори, а едно ново музичко искуство ќе остави спомен што долго ќе се памети. Во тоа е и убавината на детството – во малите откритија што понекогаш прераснуваат во големи љубови.

Третата епизода на „ЈЕЕЈ!“ може да ја погледнете ТУКА. До крајот на 2026 година се планирани вкупно осум епизоди на шоуто, кои на најмладите ќе им понудат уште многу музички моменти, забава и инспирација.

Сите епизоди на „ЈЕЕЈ!“ може да се следат на јутјуб-каналот „Светот на Биби“ и на MagentaTV. Следете го и тик-ток профилот @jeej.mkd за повеќе информации, новитети и изненадувања.

CATEGORIES
Share This