ДЕН ПО ПАДОТ НА ВУЧИЌ Мицкоски му честиташе на Срдановиќ
По историскиот изборен пораз на Александар Вучиќ, македонскиот премиер телефонски разговарал со носителот на „Студентската листа“, Илија Срдановиќ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски му ја честитал изборната победа на Илија Срдановиќ, носителот на „Студентската листа“, која убедливо победи на предвремените парламентарни избори во Србија и стави крај на 14-годишното владеење на Александар Вучиќ.
Честитката следува откако Мицкоски синоќа, непосредно по објавувањето на изборните резултати, не упати јавна порака до победниците.
„Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Победата на „Студентската листа“ предизвика големо славење во Србија. За вечерва на плоштадот Славија во Белград е најавена прослава организирана од победничката листа.
Според објавената распределба на мандатите, „Студентската листа“ ќе има 141 пратеник во новиот состав на српскиот парламент, додека листата на Александар Вучиќ, „Обединета Србија“, освоила 103 пратенички места. Преостанатите шест мандати им припаднале на партиите на националните малцинства.
Со ваквиот распоред на силите, студентското движење обезбедува парламентарно мнозинство, отворајќи ново политичко поглавје во Србија.

