БЕНЗИНИТЕ ОД ПОЛНОЌ ПОЕФТИНУВААТ ЗА 5 ДЕНАРИ Проверете ги новите цени на горивата

Бензините поевтинуваат за 5 денари по литар, дизелот ја задржува истата цена, а екстра лесното масло поевтинува за 50 дени за литар. Новите цени стапуваат во сила од 27 октомври во 00:01 часот.

БЕНЗИНИТЕ ОД ПОЛНОЌ ПОЕФТИНУВААТ ЗА 5 ДЕНАРИ Проверете ги новите цени на горивата
Фото: Национал

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 проценти во однос на претходната одлука од 19 октомври 2026 година. Најголемата промена е кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, кои од полноќ поевтинуваат за пет денари по литар. Цената на дизелот останува непроменета, додека екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,50 денари по литар.

Според одлуката на РКЕ, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 91 денар за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 93 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС: 99 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 110 денари за литар
  • Мазут М-1 НС: 54,273 денари за килограм

Мазутот, за разлика од бензините, поскапува за 0,694 денари по килограм.

Од РКЕ објаснуваат дека одлуката е резултат на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Бензините бележат просечен пад од 8,120 проценти, а екстра лесното масло од 0,074 проценти. Кај дизелот е забележан раст од 0,404 проценти, додека мазутот поскапел за 2,060 проценти. Во пресметката е земен предвид и падот на курсот на денарот во однос на доларот од 0,3292 проценти.

При формирањето на цените е применета и владината одлука за намалена стапка на ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ од 10 проценти, како и намалената акциза од четири денари по литар за бензините и дизелот. Од РКЕ потсетуваат дека утврдените цени се максимални и дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.

CATEGORIES
Share This