СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Возачите да внимаваат на можни одрони

Патиштата низ Македонија се проодни, а на граничните премини нема подолги задржувања. АМСМ апелира на внимателно возење низ клисурите и речните долини поради опасност од одрони.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Возачите да внимаваат на можни одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е во нормални граници. На граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патните делници што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони. Од АМСМ потсетуваат дека почитувањето на сообраќајните правила и приспособувањето на брзината се особено важни за безбедно патување.

CATEGORIES
Share This