ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ДОЖД Наутро можна магла

Температурата ќе се движи од 4 до 18 степени, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ДОЖД Наутро можна магла
Фото: Национал

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, додека максималната ќе достигне 18 степени. Претпладне во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе надминува 50 километри на час.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

CATEGORIES
Share This