ДПР И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЉАЗИМ САКИПОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА 23 ОКТОМВРИ Единството и слободата се темел на иднината

По повод Денот на македонската револуционерна борба, ДПР упати порака за солидарност, еднаквост, меѓусебно почитување и изградба на демократска и европска Македонија, во која различностите се сила, а заедништвото најголем капитал.

ДПР И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЉАЗИМ САКИПОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА 23 ОКТОМВРИ Единството и слободата се темел на иднината
Фото: Принтскрин

Демократската партија на Ромите и претседателот Миљазим Сакипов упатуваат искрени честитки до сите граѓани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Овој значаен празник е симбол на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата борба за слобода, достоинство и правото на сопствена иднина. Тој нè потсетува на историската одговорност да ги чуваме вредностите на слободата, правдата, солидарноста и соживотот, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има еднакви права, можности и достоинство.

Нека 23 Октомври биде поттик за единство, меѓусебно почитување и заедничка посветеност кон изградбата на просперитетна, демократска и европска Македонија, во која различностите се наша сила, а заедништвото наш најголем капитал.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

CATEGORIES
Share This