МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ИСТОРСКА ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА Со пад над 13 проценти, само за СДСМ зборува
СДСМ не е задоволен со резултатите. Задоволен е што и покрај сите напади од ВМРО, од оние што ја предадоа СДСМ од Платформата ЗНАМ 2.0 новиот сателит на Мицкоски, од сите други граѓаните го препознаваат новото раководство.

Арамијата Мицкоски излезе на прес-конференција за Брвеница. Прогласи огромна победа. Историски резултат, вели.
Колку не може да го скрие падот што мора да држи прес за една општина. Дали спомна некој друг освен СДСМ? Не. Само СДСМ. Само единствената опозиција.
ВМРО-ОКГ има пад преку 13 проценти. Тоа е бројката што ја кријат зад „историскиот“ резултат. Се служат со манипулација ги споредуваат гласовите од советничките листи со директниот избор на градоначалник.
СДСМ има 46 проценти повеќе гласови од минатиот пат. Тоа е единствената вистина.
СДСМ не е задоволен со резултатите. Задоволен е што и покрај сите напади од ВМРО, од оние што ја предадоа СДСМ од Платформата ЗНАМ 2.0 новиот сателит на Мицкоски, од сите други граѓаните го препознаваат новото раководство.
Задоволен е што расте довербата. Што граѓаните гледаат дека СДСМ води битка против организираната криминална банда.
Што новото раководство собира нова сила. Сила што е подготвена да се бори против медиумската машинерија на ВМРО под контрола на Орбан и Вучиќ.
Сила што е подготвена да се бори против целиот балкански картел.
Мицкоски на кого му поминуваат 5 тони дрога преку граница. Мицкоски што сака да ја распродаде Македонија за туѓи интереси.
Дата-центри за туѓа дигитализација. Рудници за профити на корпорации. Антимон за трговци со оружје.
Затоа е СДСМ задоволен што е единствената вистинска опозиција во Македонија. Што не е сателит и не работи на далечинско на Мицкоски.
Единствената што се бори за правата на младите, на работниците и на пензионерите. Единствената што се бори за европска Македонија.
Единствени сме против интересите на Вучиќ и руските интереси. Против интересите на криминалот и корупцијата. Против интересите на бандата и на арамијата Мицкоски.
Сами не сме. Со граѓаните ќе се избориме власта да се врати во рацете на народот, медиумите повторно да бидат слободни, а бандата да одговара.

