ТАРАВАРИ ПОВИКА НА АЛБАНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ Сите Албанци зад кандидатот на ДУИ во Брвеница

Лидерот на Алијансата за Албанците бара поддршка за Аркин Јахиј во вториот круг, додека кандидатот на ВЛЕН, Јакуп Хусеини, веќе му го честитал пласманот во финалната изборна трка.

ТАРАВАРИ ПОВИКА НА АЛБАНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ Сите Албанци зад кандидатот на ДУИ во Брвеница
Фото: Принтскрин

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, упати повик до сите партии од албанскиот политички блок да го поддржат кандидатот на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, Аркин Јахиј, во вториот круг од предвремените локални избори во Општина Брвеница.

„Многу важна победа доаѓа од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец“, напиша Таравари на социјалните мрежи.

Јахиј е кандидат на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ.

Во меѓувреме, кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Јакуп Хусеини, синоќа го посетил изборниот штаб на Јахиј, каде што му го честитал пласманот во вториот круг.

Повикот на Таравари доаѓа во пресрет на вториот круг, во кој поддршката од албанските политички партии може да има значајна улога во изборната трка за градоначалник на Брвеница.

CATEGORIES
Share This