БРВЕНИЦА ОДИ ВО ВТОР КРУГ Радичевски и Јахији во битка за градоначалничкото место
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 38,9 отсто од гласовите, а Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција 28,4 проценти. Вториот круг е закажан за 1 ноември, додека партиите веќе ги анализираат изборните резултати и најавуваат следни чекори.

Општина Брвеница ќе добие градоначалник по вториот круг од вонредните локални избори, закажан за 1 ноември, откако ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство во првиот круг.
Во финалната трка ќе се соочат Стојанчо Радичевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ).
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија, Радичевски освоил 38,9 проценти од гласовите, односно 2.943 гласа, додека Јахији добил 28,4 проценти, со 2.152 гласа.
На третото место се пласирал кандидатот на ВЛЕН, Јакуп Хусеини, со 20,2 проценти од гласовите, односно 1.528 гласа. Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Јовица Радески, освоил 9,3 проценти, или 706 гласа. Независните кандидати Душан Богдановски подржан од Левица освои 55 гласови додека Арифе Идризи 21 глас.

