БИБИ, БОБИ, ТИНА И МОНИКА ЗА ПРВПАТ ВО ЖИВО ПРЕД ПУБЛИКАТА Изненадување во Diamond Mall и најава за голем концерт во декември

„ЈЕЕЈ!“ е музичкото шоу на „Светот на Биби“ во кое Биби и Боби, заедно со своите пријателки Тина и Моника, го истражуваат светот на музиката преку песна, игра, разговори и музички предизвици.

БИБИ, БОБИ, ТИНА И МОНИКА ЗА ПРВПАТ ВО ЖИВО ПРЕД ПУБЛИКАТА Изненадување во Diamond Mall и најава за голем концерт во декември
Фото: PR Manager

Музиката има посебна моќ да ги поврзува децата, да ги поттикнува на игра и да ги претвора секојдневните моменти во незаборавни доживувања. А кога омилените песни ќе оживеат преку танц, дружење и неочекувани изненадувања, забавата станува уште поголема.

Токму такво музичко изненадување вчера ги очекуваше посетителите на Diamond Mall, каде што „Светот на Биби“, преку детското музичко шоу „ЈЕЕЈ!“, приреди специјален флешмоб.

Точно напладне, децата со својата кореографија го претворија трговскиот центар во сцена за танц, музика и забава. Во флешмобот учествуваа и најмладите танчери од „Break a Leg“, а посебен момент за присутните беше појавувањето на Биби, Боби и нивните пријатели Тина и Моника, кои ги поздравија децата и им овозможија да се дружат со своите омилени ликови во живо, за првпат заедно.

Но, ова музичко дружење беше најава за нешто уште поголемо што следува. Во декември, децата од музичкото шоу „ЈЕЕЈ!“ ја очекуваат публиката на голем концерт во СЦ „Јане Сандански“, каде што музиката, омилените ликови и детските таленти ќе се спојат во посебно сценско доживување. Повеќе информации за концертот ќе бидат објавени наскоро.

„ЈЕЕЈ!“ е музичкото шоу на „Светот на Биби“ во кое Биби и Боби, заедно со своите пријателки Тина и Моника, го истражуваат светот на музиката преку песна, игра, разговори и музички предизвици. Шоуто ги охрабрува децата да ја откриваат музиката на свој начин, да ги истражуваат своите интереси и да ја развиваат креативноста.

„ЈЕЕЈ!“ може да се гледа на јутјуб-каналот „Светот на Биби“ и на MagentaTV. Следете ги и на тик-ток профилот @jeej.mkd за повеќе информации, новитети и најави за претстојните музички дружења.

„ЈЕЕЈ!“ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОТКРИВА СВЕТОТ НА МУЗИКАТА Биби и Боби со нова епизода оваа сабота

 

CATEGORIES
Share This