ТРАМП ПОВЛЕЧЕ НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ Ги замрзна санкциите против Русија во последен момент, што стои зад одлуката?

Само 48 часа пред стапувањето во сила на новите економски санкции против Москва, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за нивно замрзнување, повикувајќи се на националните интереси на САД.

ТРАМП ПОВЛЕЧЕ НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ Ги замрзна санкциите против Русија во последен момент, што стои зад одлуката?
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за замрзнување на новиот пакет економски санкции против Русија, само два дена пред нивното планирано стапување во сила.

Како образложение за ваквиот потег, Трамп наведе дека одложувањето на рестриктивните мерки во моментов е во национален интерес на Соединетите Американски Држави.

Според информациите што ги пренесува CNN, американскиот претседател доцна во петокот потпишал извршна наредба со која го суспендирал спроведувањето на санкциите, а за својата одлука официјално го известил и Конгресот.

Во документот Трамп нагласил дека замрзнувањето на санкциите е во согласност со актуелните национални интереси на Вашингтон, но не понудил дополнително објаснување за конкретните причини што довеле до ваквата одлука.

Во меѓувреме, како што објавува „Њујорк тајмс“, американската администрација ќе продолжи внимателно да ги следи земјите што купуваат руска нафта, со цел да процени дали се потребни дополнителни економски мерки.

Трамп во извршната наредба посочил дека неговите советници ќе ја анализираат состојбата и ќе достават препораки за евентуални понатамошни чекори, вклучително и можни измени во царинската политика.

Со оваа одлука, Вашингтон засега го одложува воведувањето на новите економски ограничувања против Москва, оставајќи отворена можност за дополнителни мерки во зависност од развојот на ситуацијата.

CATEGORIES
Share This