ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОВИДОК Египет подготвен да ја брани Саудиска Арабија, Ел-Сиси испрати силна порака

Изјавата доаѓа во пресрет на вонредната седница на египетскиот парламент, додека безбедноста на Црвеното Море станува сè позначајно прашање за регионот.

ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОВИДОК Египет подготвен да ја брани Саудиска Арабија, Ел-Сиси испрати силна порака
Фото: Принтскрин

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси порача дека неговата земја е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на Саудиска Арабија, доколку властите во Ријад побараат поддршка.

Изјавата доаѓа во услови на засилени напади на јеменските бунтовници Хути врз саудиска територија и во пресрет на вонредната седница на египетскиот парламент, закажана за утре.

Како што пренесува Ројтерс, Ел-Сиси нагласил дека Египет нема да дозволи загрозување на безбедноста и стабилноста на саудиското кралство, истакнувајќи ја подготвеноста на Каиро да реагира во согласност со барањата на саудиското раководство.

Египетскиот претседател посочил дека евентуалните чекори на неговата земја ќе бидат усогласени со насоките на саудискиот крал Салман и престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Двајцата саудиски лидери, според наведените информации, го посетиле Египет на 15 септември, по обновувањето на интензивните судири во Јемен. Во фокусот на разговорите биле регионалната безбедност, стабилноста на Блискиот Исток и заштитата на поморските патишта во Црвеното Море.

Со најавата за можна интервенција, Каиро испраќа јасна порака за поддршка на Ријад во период на зголемени регионални тензии и безбедносни предизвици.

CATEGORIES
Share This