ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ Украина го сака рускиот замрзнат имот пред Москва да си го врати

Украинскиот претседател предупреди дека Русија сака повторно да дојде до замрзнатите средства и порача дека Киев сака да добие дел од нив пред тоа да се случи.

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ Украина го сака рускиот замрзнат имот пред Москва да си го врати
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во Брисел одржал важни и продуктивни средби со лидерите на земјите-членки на Европската Унија, при што една од темите биле и замрзнатите руски средства.

На прес-конференција по самитот на Советот на Европа, Зеленски нагласи дека за Украина е клучно да се спречи можноста Русија во иднина повторно да располага со својот замрзнат имот.

„Тоа е една од целите на Русија и затоа Украина би сакала да добие одредени средства во одреден формат, пред Русија да успее да го стори тоа“, изјави Зеленски.

Прашањето за користењето на замрзнатите руски средства останува важно во европските разговори за поддршката на Украина, додека Киев бара начини тие средства да помогнат во справувањето со последиците од руската војна.

CATEGORIES
Share This