СОНЧЕВО, НО СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Температурите од -1 до 18 степени
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер. Слично време се очекува и во Скопје.

Фото: Принтскрин
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температурите ќе се движат од минимални -1 до максимални 18 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен.
CATEGORIES Македонија

