СТУДЕН БРАН И СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Температурите паѓаат до 2 степени, ветерот ќе надминува 60 км/ч
Променливо облачно и постудено време низ Македонија, со засилен северен ветер. Во Скопје се очекува заладување и повремено силен ветер.

Фото: Национал
Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време, со температури кои ќе се движат од 2 до 16 Целзиусови степени.
Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе се засилува.
CATEGORIES Македонија

