ПОЛСКА НА НОЗЕ Можен атентат врз премиерот Туск и министерот за одбрана

Безбедносните служби се активирани по добиените сознанија за можен напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

ПОЛСКА НА НОЗЕ Можен атентат врз премиерот Туск и министерот за одбрана
Фото: Принтскрин

Полските безбедносни служби преземаат итни мерки по добиените информации за можен обид за атентат врз премиерот Доналд Туск и вицепремиерот и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш, соопшти во недела полското Министерство за внатрешни работи. Информацијата ја потврди портпаролката на Министерството, Каролина Галецка, преку објава на социјалната мрежа X.

Според Галецка, по информациите добиени од полицијата, министерот за внатрешни работи Марцин Киервински и министерот задолжен за координација на специјалните служби, Томаш Сиемонијак, наредиле преземање соодветни мерки.

„По информациите добиени од полицијата за можен обид за атентат врз премиерот Доналд Туск и вицепремиерот и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш, министрите наредија преземање мерки во овој случај“, соопшти Галецка.

Полските власти засега не откриваат детали за информациите што ги добила полицијата. Не е познато кој би можел да стои зад евентуалната закана, на кој начин би бил извршен нападот или дали безбедносните служби утврдиле дека постои непосредна опасност за двајцата високи функционери.

Засега нема официјално потврдени информации за конкретен план за напад, а истрагата и безбедносните проверки треба да утврдат колку се сериозни добиените сознанија.

АЛАРМ ВО ЕВРОПА Русија разгледува атентати врз луѓе кои ја помагаат Украина

CATEGORIES
TAGS
Share This