СИМОНА ЗОРИЌ Од кога е срамота да се печали од земјоделие
Мајката на Ристов тврдеше дека парите се од земјоделие, а неговата сопруга со објава на Фејсбук праша: „Од кога е срамота да се печали?“

Фото: Принтскрин
По сведочењето на мајката на нејзиниот сопруг, апелацискиот судија Ѓоко Ристов, која на судењето изјави дека парите пронајдени во семејниот дом потекнуваат од земјоделие, Симона Зориќ се огласи на Фејсбук со прашањето:
„Од кога е срамота да се печали од земјоделие???“
Нејзината реакција доаѓа во јавноста по изјавите на обвинителката Искра Хаџи Василева, која оцени дека сведочењето на родителите на Ристов не е поткрепено со останатите материјални докази.
CATEGORIES Македонија

