ОД ПРИЛЕП ПЛАМНА ИСКРАТА ШТО ЈА КРЕНА МАКЕДОНИЈА Силна порака за 11 Октомври

По повод 85 години од почетокот на Народното востание, градоначалникот Дејан Проданоски порача дека токму од Прилеп започнала борбата што се проширила низ Македонија и ги поставила темелите на слободата, достоинството и македонската државност.

ОД ПРИЛЕП ПЛАМНА ИСКРАТА ШТО ЈА КРЕНА МАКЕДОНИЈА Силна порака за 11 Октомври
Фото: Принтскрин

Од Прилеп се разгоре пламенот на востанието што се прошири низ Македонија и стана симбол на борбата за слобода, национално достоинство и создавање сопствена држава.

Ова го порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во своето синоќешно обраќање пред прилепчани, на свеченоста во центарот на градот, со која започнаа централните чествувања по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Одбележувањето на 85-годишнината од почетокот на антифашистичкото востание претставува потсетување на историската улога на Прилеп и на жртвата на генерациите што ги поставија темелите на македонската државност.

CATEGORIES
Share This