СООБРАЌАЈОТ НЕПРЕЧЕН Внимателно поради можни одрони
АМСМ предупредува на можни одрони: Возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината.

Фото: Национал
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони. Ризични се делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Сезонски режим
Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.
CATEGORIES Македонија

