КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ ОН Тајното гласање откри кој е во предност

Четвртата неформална анкета покажала тесна предност на поранешната потпретседателка на Костарика.

КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ ОН Тајното гласање откри кој е во предност
Фото: Принтскрин

Поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспен, е во предност во трката за иден генерален секретар на Обединетите нации, покажала четвртата неформална анкета на Советот за безбедност на ОН, според извори запознаени со процесот.

Анкетата на 15-члениот Совет за безбедност следела по собирот на светските лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк минатата недела, објави „Ројтерс“.

Според информациите, Гринспен била во тесна предност и во првата и третата анкета, одржани во јули и септември.

Во анкетата спроведена во август, пак, на првото место се нашла амбасадорката на Гвајана во ОН, Каролин Родригез-Биркет.

Резултатите од неформалните анкети се дел од процесот на консултации во Советот за безбедност, а конечниот избор на генерален секретар на ОН следува низ формалната процедура на организацијата.

CATEGORIES
Share This