ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИВА Путин го чека Трамп, а зимата може да биде клучна за Украина

САД разгледуваат можност за смирување на тензиите меѓу Киев и Москва додека продолжуваат преговорите за мировен договор.

ЗЕЛЕНСКИ ОТКРИВА Путин го чека Трамп, а зимата може да биде клучна за Украина
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност Украина и Русија во текот на зимата да преземат конкретни чекори за намалување на тензиите, додека паралелно би продолжиле преговорите за постигнување поширок мировен договор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју за „Аксиос“, Зеленски оцени дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно смета на уште една тешка зима со цел дополнително да ја ослаби Украина.

Сепак, украинскиот претседател посочи дека не сака да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на изборите за Конгресот на САД, оценувајќи дека односот меѓу Трамп и Путин може да биде важен за натамошниот тек на преговорите.

„Мојот впечаток е дека на Путин му е потребен Трамп. Тој не сака да го налути“, изјави Зеленски.

Според него, евентуалното смирување на состојбата во зимскиот период би можело да создаде простор за продолжување на дипломатските напори и разговорите за траен мировен договор.

CATEGORIES
Share This