ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СРПСКАТА ВЛАДА Мацут предлага распуштање на Парламентот
Владата ќе заседава во 15:30 часот, по што премиерот ќе се обрати пред јавноста и ќе го соопшти предлогот за распуштање на Собранието.

Фото: Принтскрин
Владата на Србија денеска ќе одржи вонредна седница, по која премиерот проф. д-р Ѓуро Мацут ќе ѝ се обрати на јавноста со предлог за распуштање на српскиот Парламент, потврдено е за Танјуг од Владата.
Седницата е закажана за 15:30 часот, а по нејзиното завршување се очекува обраќање на премиерот Мацут.
Предлогот за распуштање на Народното собрание претставува неопходна процедура која треба да биде спроведена пред официјалното распишување на парламентарните избори.
CATEGORIES Свет

