УТРЕ Е НЕРАБОТЕН ДЕН Еве кога следуваат следните слободни денови до крајот на годината
8 Септември се паѓа во вторник, а во октомври граѓаните повторно ќе имаат продолжен викенд.

Фото: Принтскрин
Утре, 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, е неработен ден. Празникот годинава се одбележува во вторник, што за граѓаните значи уште еден слободен ден во текот на работната седмица.
Следниот неработен ден е 12 октомври (понеделник) – Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври се паѓа во недела, неработниот ден се префрла во понеделник, со што граѓаните ќе имаат продолжен викенд.
Потоа следува 23 октомври (петок) Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така овозможува продолжен викенд.
Следен неработен ден е 8 декември (вторник) „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови се 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци и 25 декември (петок) Божиќ, првиот ден.
CATEGORIES Македонија

