РЕКОРДНИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ГЕРМАНИЈА Дизелот над 2,20 евра за литар

Август беше најскап досега, а ценовниот притисок продолжи и на почетокот на септември.

РЕКОРДНИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ГЕРМАНИЈА Дизелот над 2,20 евра за литар
Фото: Принтскрин

Возачите во Германија во август се соочиле со рекордно високи цени на горивата, покажува анализата на Германскиот автомобилски клуб (ADAC).

Просечната цена на бензинот Super E10 во текот на месецот изнесувала 2,145 евра за литар, што претставува највисок месечен просек досега. Дизелот бил уште поскап, со просечна цена од 2,223 евра за литар.

Највисоките цени биле регистрирани на 23 август. Тогаш литар Super E10 во просек чинел 2,188 евра, додека дизелот достигнал 2,283 евра за литар.

За возачите, најповолен бил 9 август, кога Super E10 се продавал по просечни 2,095 евра за литар, а дизелот чинел 2,162 евра.

Од ADAC објаснуваат дека крајната цена на бензинските станици не зависи само од движењето на цената на суровата нафта. Во неа се вклучени и трошоците за преработка, транспорт и дистрибуција, како и даноците и останатите државни давачки.

Ценовниот притисок продолжил и по завршувањето на август. Според податоците на ADAC, на 2 септември просечната цена на Super E10 изнесувала околу 2,183 евра за литар, додека дизелот достигнал околу 2,232 евра.

Податоците покажуваат дека германските возачи и на почетокот на септември продолжиле да се соочуваат со исклучително скапо гориво.

CATEGORIES
Share This