64 ГОДИНИ ОД СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Од македонска манифестација до светска поетска сцена

На денешен ден во 1962 година во Струга започна фестивалот кој низ децениите прерасна во еден од најзначајните поетски и културни настани во регионот.

64 ГОДИНИ ОД СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Од македонска манифестација до светска поетска сцена
Фото: Принтскрин

На денешен ден во 1962 година, во Струга започна првата поетска манифестација која подоцна ќе прерасне во една од најзначајните книжевни и културни средби во регионот- Струшките вечери на поезијата.

Манифестацијата низ годините стана препознатлив симбол на македонската култура, но и меѓународна поетска сцена на која гостувале голем број истакнати поети од Македонија и од целиот свет.

Еден од најзначајните сегменти на фестивалот е наградата „Златен венец“, која се доделува на врвни поетски имиња. Првиот „Златен венец“ бил доделен во 1966 година на познатиот советски поет Роберт Иванович Рождественски.

Во почетните години признанието било поврзано со конкретно поетско остварување, но од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупниот поетски опус на авторот, со што наградата добива уште поголемо значење и престиж.

Струшките вечери на поезијата денес се едно од најпрепознатливите културни случувања во Македонија. Со својата долгогодишна традиција, манифестацијата ја продолжува идејата за поврзување на различни јазици, култури и поетски изрази, претворајќи ја Струга во место каде поезијата секоја година ги надминува границите.

CATEGORIES
Share This