МИЛЕЈ БАРА ЛОНДОН ДА ГИ ВРАТИ ФОЛКЛАНДИТЕ НА АРГЕНТИНА Тие се наши

Аргентинскиот претседател предлага договор по моделот на Хонг Конг и нагласува дека Буенос Аирес не сака нова војна со Велика Британија.

МИЛЕЈ БАРА ЛОНДОН ДА ГИ ВРАТИ ФОЛКЛАНДИТЕ НА АРГЕНТИНА Тие се наши
Фото: Принтскрин

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј ја повика Велика Британија да постигне договор со Буенос Аирес за враќање на Фолкландските Острови под аргентински суверенитет, по модел сличен на договорот со кој Хонг Конг ѝ беше вратен на Кина.

Милај нагласи дека Аргентина не сака нов воен конфликт со Велика Британија поради долгогодишниот спор околу суверенитетот над островите.

„На долг рок, можеме да ги вратиме нашите острови. Велика Британија го направи тоа со Хонг Конг, па зошто да не најдеме договор за враќање на островите на Аргентина порано или подоцна? Тие се наши“, изјави Милај во интервју за британскиот весник „Економист“.

Аргентинскиот претседател островите, кои во Аргентина се познати како Малвини, ги смета за дел од аргентинската територија. Тој истовремено оцени дека населението на островите нема легитимно право да го користи принципот на самоопределување за да го одреди нивниот суверенитет.

Спорот меѓу двете земји околу Фолкландските Острови трае со децении, а во 1982 година доведе до војна меѓу Аргентина и Велика Британија. И покрај воениот пораз на Аргентина, Буенос Аирес и понатаму го бара суверенитетот над островите.

CATEGORIES
TAGS
Share This