ОТИШЛЕ СО ШАТОРИ ВО ГАЛИЧНИК, ЗАВРШИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Наместо на чист воздух, уживале во марихуана
Во шаторите на петтемина полицијата пронашла марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Принтскрин
Пет лица се лишени од слобода во полициска акција во Галичник, при која во шаторите каде што престојувале биле пронајдени повеќе видови супстанции и таблети.
Акцијата била спроведена вчера во периодот од 19:20 до 20:45 часот, на местото викано „Стопанче“, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Маврово.
Од слобода биле лишени А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.
При претресот на шаторите, полицијата пронашла и одзела повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.
Лицата се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирањето на случајот, од МВР најавуваат соодветен поднесок.
CATEGORIES Македонија

