ПУТИН: Има шанси за решение на конфликтот во Украина

Трамп е посветен на конструктивен ангажман, а Москва и Киев треба меѓусебно да постигнат договор.

ПУТИН: Има шанси за решение на конфликтот во Украина
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постојат реални можности за постигнување решение за конфликтот во Украина, оценувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е посветен на позитивен и конструктивен ангажман во насока на негово надминување.

„Најважно е Русија и Украина меѓусебно да постигнат договор, додека другите земји можат само да помогнат во тој процес“, изјави Путин, пренесе „Спутник“.

Говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток, Путин оцени дека пристапот на САД кон руско-украинските преговори е исправен. Тој посочи дека продолжуваат контактите со претставниците на американската администрација кои Трамп ги назначи за дијалог со Москва.**

CATEGORIES
Share This