САНЧЕЗ Нема докази дека Мароко стои зад масовниот влез на мигранти во Сеута

Шпанскиот премиер вели дека истрагата продолжува, но предупредува дека не може да гарантира целосна безбедност на границата со Мароко.

САНЧЕЗ Нема докази дека Мароко стои зад масовниот влез на мигранти во Сеута
Фото: Принтскрин

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека досега нема докази оти Мароко го планирало или помогнало масовното преминување на мигранти во шпанската енклава Сеута на 30 јули.

Обраќајќи им се на пратениците во Шпанскиот конгрес, Санчез посочи дека ниту една шпанска институција, дипломатската служба, Европската комисија или друга меѓународна организација не доставила цврсти докази дека мароканските власти стојат зад инцидентот, пренесува „Паис“.

Сепак, тој нагласи дека не може да гарантира целосна безбедност на границата со Мароко, оценувајќи дека миграцискиот притисок е поврзан со нееднаквоста и потрагата по подобри можности.

Санчез додаде дека истрагата за настаните во Сеута сè уште трае. Тој увери дека доколку бидат утврдени нови сознанија, владата ќе ги објави и ќе преземе соодветни мерки.

CATEGORIES
Share This