ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ПРИТВОРОТ Еве како изгледа Мадуро по месеци во САД
Мадуро објави две досега невидени фотографии и порача: „Сакам да знаете дека сме силни“.

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, објави две досега невидени фотографии од времето поминато во притвор во Њујорк, испраќајќи порака до своите поддржувачи дека и покрај тешката ситуација останува непоколеблив.
На фотографиите, кои се објавени на неговите официјални профили на социјалните мрежи, Мадуро е облечен во сива тренерка, насмеан и со прстите го покажува знакот на победата. На снимките изгледа значително послаб и постар во споредба со периодот пред неговото апсење.
„Сакам да знаете дека сме силни“, порача Мадуро во пораката што ги придружува фотографиите, заблагодарувајќи им се на семејството и на поддржувачите за, како што наведе, љубовта, молитвите и солидарноста.
Според достапните информации, фотографиите се направени на 25 јуни 2026 година, но дури сега се објавени во јавноста. Тие се првите познати фотографии на Мадуро од внатрешноста на притворот во Њујорк по неговото апсење во јануари.
Мадуро беше заробен во јануари заедно со неговата сопруга Силија Флорес и префрлен во САД, каде што се соочува со сериозни обвиненија. Двајцата ги отфрлаат обвиненијата и се изјаснија за невини.
Фотографиите предизвикаа големо внимание бидејќи со месеци немаше нови визуелни материјали од Мадуро во притвор. Во пораката тој испрати и порака на вера и надеж, уверувајќи ги своите приврзаници дека тој и неговата сопруга „остануваат цврсти“.
(ВИДЕО) ТРАМП: ЈА ПРЕЗЕМАМЕ ВЕНЕЦУЕЛА – Ноќен десант, Каракас затемнет, Мадуро заробен

