ТАЈНА МИСИЈА НА ШЕФОТ НА ЦИА ВО МОСКВА Ратклиф предложил средба Трамп-Путин-Зеленски

Два извори за „Аксиос“ откриваат детали од посетата, која според нив имала за цел да се испита и дали руските разузнавачки служби можат да влијаат врз Путин да продолжи со преговорите.

ТАЈНА МИСИЈА НА ШЕФОТ НА ЦИА ВО МОСКВА Ратклиф предложил средба Трамп-Путин-Зеленски
Фото: Принтскрин

Почнаа да излегуваат првични информации од тајната посета на Москва на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.

Директорот на ЦИА предложил одржување трилатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел да се постигне напредок кон ставање крај на војната во Украина.

Информацијата ја објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите.

Според порталот, ова е првпат Ратклиф лично да биде вклучен во дипломатските напори на Вашингтон за надминување на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Посетата на шефот на ЦИА на Москва, според изворите, делумно била насочена кон проценка дали раководителите на руските разузнавачки служби би можеле да влијаат врз Путин и да го убедат да продолжи да ги поддржува разговорите со Украина, кои се одвиваат со посредство на САД.

Предлогот за директна средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски би претставувал потенцијален нов чекор во американските дипломатски напори за постигнување договор и прекин на војната.

ШЕФОТ НА ЦИА ВО МОСКВА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Русија да не го премине „црвеното светло“

CATEGORIES
Share This