ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МОСКВА Зеленски: САД нè информираа за неколку состаноци со Русија

Украинскиот претседател вели дека Киев добил информации за неколку неодамнешни состаноци во Москва и дека разговорите со Вашингтон продолжуваат.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МОСКВА Зеленски: САД нè информираа за неколку состаноци со Русија
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД ги информирале украинските власти за неодамнешните состаноци што се одржале во Москва, нагласувајќи дека Вашингтон е посветен на реален пристап кон изнаоѓањето решение за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.

„Денес добивме информации од американската страна за состаноците во Москва што се одржаа во претходните денови. Имаше неколку средби. Разговаравме и претходниот ден, а сега повторно разговараме со американската страна“, рече Зеленски во вечерното видеообраќање.

Тој му се заблагодари на Вашингтон за информациите и, како што наведе, за соодветниот тон во разговорите со Русија.

Зеленски истакна дека Киев ја цени доследноста на американската страна, особено нејзината определба да промовира „целосно реалистична визија“ за чекорите што се потребни за да се стави крај на конфликтот.

Според него, продолжува комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон во врска со дипломатските напори и можностите за прекин на војната.

CATEGORIES
Share This