37 ЗАГИНАТИ, 42 ПОВРЕДЕНИ КАЈ БУЧА Зеленски бесен по серијата експлозии, ова е апсолутно неприфатливо

Рускиот напад предизвикал серија детонации во селото Мила, а Зеленски бара итно да се открие кој и зошто складирал експлозиви во непосредна близина на населението.

37 ЗАГИНАТИ, 42 ПОВРЕДЕНИ КАЈ БУЧА Зеленски бесен по серијата експлозии, ова е апсолутно неприфатливо
Фото: Принтскрин

Најмалку 37 лица загинаа, а 42 се повредени, меѓу кои и четири деца, во серија експлозии што следеа по рускиот напад во близина на Буча, во Киевската област, соопшти началникот на регионалната воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко.

Според украинските власти, експлозиите се случиле во селото Мила, каде што рускиот напад предизвикал дополнителни детонации. Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека ситуацијата е „ужасна“ и предупреди на сериозна небрежност поради складирањето експлозиви во непосредна близина на населението.

„Од синоќа до денес добивам извештаи за ситуацијата во селото Мила, каде што се случија серија експлозии по рускиот напад. Уште едно такво злосторство, по она што се случи во Вишнево, е апсолутно неприфатливо“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Тој побара сите детали за инцидентот итно да бидат презентирани пред јавноста, особено околностите под кои експлозивите биле складирани во близина на цивилно население. Ткаченко трагедијата ја опиша како „ужасна и непоправлива загуба“, упатувајќи сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

Бројот на жртвите, според украинските власти, дополнително се зголемил во текот на денот, а спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на теренот и пребарување на погодените објекти.

CATEGORIES
Share This