ИСЛАНД ДЕНЕС ОДЛУЧУВА Ќе тргне ли повторно кон ЕУ

Граѓаните на референдум ќе гласаат дали земјата да ги продолжи прекинатите преговори за членство во Европската Унија.

ИСЛАНД ДЕНЕС ОДЛУЧУВА Ќе тргне ли повторно кон ЕУ
Фото: Принтскрин

Исланд денеска одржува референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат дали земјата треба повторно да ги отвори пристапните преговори со Европската Унија. Гласањето не се однесува директно на членство во ЕУ, туку на продолжување на преговорите со Брисел.

Исланд поднесе апликација за членство во ЕУ во 2009 година, во период на сериозна финансиска криза, но преговорите беа прекинати во 2013 година поради политичките промени во земјата и несогласувањата околу чувствителни прашања, особено риболовот.

Иако процесот беше замрзнат, апликацијата никогаш не беше формално повлечена. Доколку граѓаните денес гласаат „за“, преговорите би можеле повторно да започнат, а евентуалниот договор за членство би бил предмет на дополнително изјаснување на референдум.

CATEGORIES
Share This