ТРАМП ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГОЛЕМИТЕ ПРЕРАБОТУВАЧИ Ќе го уништиме одвратниот монопол

Трамп подготвува указ што може драстично да го промени начинот на кој земјоделците и сточарите ја преработуваат храната.

ТРАМП ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГОЛЕМИТЕ ПРЕРАБОТУВАЧИ Ќе го уништиме одвратниот монопол
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека подготвува указ со кој на земјоделците и сточарите во САД би им се овозможило самостојно да ја преработуваат храната, со цел да се намали зависноста од големите преработувачи.

Трамп оцени дека со оваа мерка сака да се стави крај на, како што го нарече, „одвратниот монопол“ на најголемите компании во прехранбената индустрија.

Во објава на неговата социјална мрежа „Трут соушл“, тој не посочи на која конкретна индустрија се однесува указот, но наведе дека дал наредба за брзо подготвување на потребната правна документација.

Најавата доаѓа откако Трамп претходно ја критикуваше регулативата за погоните за преработка на говедско месо, оценувајќи дека постојат премногу правила што го отежнуваат нивното работење.

Американската индустрија за преработка на месо во моментов се соочува со најниско ниво на понуда на добиток во последните 75 години. Зголемените трошоци за одгледување добиток го притискаат профитот на сточарите, додека цените на месото продолжуваат да растат.

Пазарот за преработка на месо во САД во голема мера е концентриран во рацете на четири големи компании – „Каргил“ (Cargill), „Тајсон фудс“ (Tyson Foods), „Џеј-Би-Ес Ју-Ес-Еј“ (JBS USA) и „Нешнал биф пакинг компани“ (National Beef Packing Co.), кои заедно контролираат околу 85 отсто од преработката на месо.

Трамп минатата недела, исто така, најави дека ќе биде дозволен увоз на поголеми количини мелено говедско месо, како дел од мерките за зголемување на понудата и ублажување на цените.

Во меѓувреме, американското Министерство за правда спроведува истрага за тоа дали компаниите за пакување месо незаконски ги зголемувале цените на говедското месо.

CATEGORIES
Share This