ОД МАРИХУАНА ЕКОНОМИЈА ДО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Мицкоски го спореди своето владеење со претходната власт

Премиерот порача дека државата ќе се развива преку високотехнолошки индустрии и поголема додадена вредност.

ОД МАРИХУАНА ЕКОНОМИЈА ДО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА Мицкоски го спореди своето владеење со претходната власт
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од зголемениот интерес кај младите за инженерските науки, оценувајќи дека новите генерации препознаваат во која насока се движи современиот свет и технологијата.

Мицкоски посочи дека интересот за запишување на факултетите од областа на инженерските науки е зголемен за 30 отсто, што, според него, е показател дека младите сè повеќе се ориентираат кон професии поврзани со идниот технолошки развој.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да го насочува економскиот развој кон високите технологии, вештачката интелигенција и создавањето поголема додадена вредност.

Во тој контекст, Мицкоски направи политичка споредба со претходната власт, обвинувајќи ја дека нејзините економски политики се темелеле на, како што рече, „марихуана економија“ и на практики преку кои граѓаните биле принудени да плаќаат „арач“.

„Додека сум јас претседател на Владата, натаму ќе ја развивам државата. Ние како Влада, во оваа насока, со вештачка интелигенција ќе ја развиваме нашата економија и додадената вредност во нашата економија“, порача Мицкоски.

CATEGORIES
Share This