ОВОЈПАТ ПОДАРОКОТ НЕ Е ЗА ВАС Еве како со неколку клика можете да ги израдувате кучињата во „Лајка“

Преку Wolt можете директно да испратите храна, грицки или играчки за кучињата кои сè уште го чекаат својот дом.

ОВОЈПАТ ПОДАРОКОТ НЕ Е ЗА ВАС Еве како со неколку клика можете да ги израдувате кучињата во „Лајка“
Фото: Принтскрин

По повод 26 Август,  Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ и Wolt Македонија започнаа заедничка иницијатива преку која граѓаните можат на едноставен и непосреден начин да испратат подарок за кучињата што престојуваат во прифатилиштето.

Во текот на оваа недела, преку опцијата „Send as a gift“ во апликацијата Wolt, корисниците можат да изберат храна, грицки, играчки или други производи од pet shop партнерите на платформата и да ги испратат директно на адресата на ЈП „Лајка“.

Под мотото „И тие знаат што значи радост“, оваа иницијатива има цел да ги вклучи граѓаните во грижата за бездомните кучиња и да покаже дека за да направиме добро дело понекогаш се потребни само неколку минути.

Секој испратен подарок значи повеќе од материјална донација. Тој носи дополнителна грижа, внимание и радост за кучињата што сè уште го чекаат својот дом. Воедно, иницијативата е потсетување дека подобрувањето на благосостојбата на бездомните животни е заедничка одговорност во која можат да се вклучат и граѓаните и општествено одговорните компании.

ЈП „Лајка“ ја поздравува поддршката од Wolt Македонија и нивните pet shop партнери, кои преку својата платформа овозможуваат солидарноста да стигне директно до оние на кои им е потребна.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат.

CATEGORIES
Share This