УЈП СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Стигнуваат лажни SMS-пораки, НЕ КЛИКАЈТЕ на линкот

Во пораките пишува дека „даночниот поврат е подготвен“, но зад линкот може да се крие обид за кражба на лични и банкарски податоци.

УЈП СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Стигнуваат лажни SMS-пораки, НЕ КЛИКАЈТЕ на линкот
Фото: Принтскрин

Управата за јавни приходи (УЈП) предупредува дека граѓаните добиваат лажни SMS-пораки во кои се наведува дека „даночниот поврат е подготвен“, а пораките содржат и линк.

Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, платежни или банкарски податоци, бидејќи станува збор за можен обид за измама и кражба на чувствителни информации.

„До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека ‘даночниот поврат е подготвен’ и со приложен линк“, информираат од институцијата.

Граѓаните кои ќе ја добијат ваквата порака не треба да кликнуваат на линкот, ниту да внесуваат матичен број, податоци од платежни картички, банкарски информации или други чувствителни податоци.

Од УЈП појаснуваат дека сите информации поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.

За проверка на информациите, граѓаните можат да ја посетат официјалната веб-страница на УЈП или да ги користат официјалните електронски услуги и објавените контакт-канали.

Официјални контакти на УЈП:

  • Е-пошта: info@ujp.gov.mk
  • Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)
  • Телефон: 02 3253 200
  • Веб-страница: www.ujp.gov.mk

Од Управата апелираат предупредувањето да се сподели со блиските, со цел да се спречат можни злоупотреби и кражба на лични и финансиски податоци.

CATEGORIES
Share This