ЗЕЛЕНСКИ СО ИТНО БАРАЊЕ ДО ЕВРОПА Украина бара 300 ракети „Патриот“ до зимата“

Киев се соочува со недостиг од 27 милијарди долари за армијата, а Зеленски бара забрзано финансирање и деблокирање на Црното Море.

ЗЕЛЕНСКИ СО ИТНО БАРАЊЕ ДО ЕВРОПА Украина бара 300 ракети „Патриот“ до зимата“
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека меѓу клучните теми на денешниот самит на „Коалицијата на волните“ во Киев биле обезбедувањето ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“, покривањето на финансискиот дефицит на украинската армија и деблокирањето на Црното Море.

„Русија продолжува со нападите, вклучително и со балистички ракети. Треба да се осигуриме дека до зимата ќе добиеме најмалку 300 ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот““, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Тој посочи дека Украина се соочува и со недостиг од 27 милијарди долари за финансирање на армијата. Како едно од можните решенија, Зеленски го наведе пренасочувањето на дел од европските кредити планирани за следната година и нивно обезбедување уште оваа година.

Според него, на самитот било разговарано и за потребата од деблокирање на Црното Море, што е од особено значење за безбедноста и функционирањето на украинските поморски и економски активности.

Потсетуваме дека и Македонија е една од членките на Коалицијата на волните кои што ја потврдуваат својата непоколеблива поддршка за Украина, повик на итен прекин на огнот и помош за зајакнување на воената, финансиската и политичката помош за Киев.

CATEGORIES
Share This