ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА ЗА DM BRING YOUR BEST FRIEND НАСТАНОТ Уникатно женско дружење во Маврово со една влезница за две другарки
На 26 и 27 септември, „dm bring your best friend“ ќе го претвори Маврово во место за женско дружење, нови знаења, одмор и создавање заеднички спомени и два дена во кои жените и грижата за себе се во центарот на вниманието.

Два дена женско дружење, важни разговори, нови искуства, релаксација и забава и сето тоа во срцето на Маврово. Од денес, 25 август, започнува продажбата на влезниците за „dm bring your best friend“, уникатното дводневно доживување што dm drogerie markt го организира на 26 и 27 септември во хотелот Grand Chamois во Маврово. Настанот ќе собере жени околу теми и искуства посветени на женското здравје, личниот развој и грижата за себе, а бидејќи најубавите моменти се оние што ги споделуваме, секоја учесничка е поканета да ја поведе својата најдобра пријателка. Една влезница чини 5.990 денари и важи за две лица, а достапна е преку karti.com.mk . Бројот на места е ограничен.
„dm bring your best friend“ носи богата програма која ги спојува стручните предавања со практични и креативни активности, движење, одмор и дружење. Првиот ден, Катерина Ангеловска ќе зборува за личниот раст и развој, а гинекологот Александар Бојаџиев за хормоналното здравје. Учесничките ги очекуваат и работилници за изработка на сапуни, свеќи и балсам за усни, како и мастерклас за самостојно постигнување дневен и вечерен изглед со шминка. По активниот дел од денот следуваат спа, масажа и време за одмор, а вечерта е резервирана за заедничка вечера, дружење и стенд-ап настап со Тијана Дапчевиќ.
Вториот ден започнува со утринска јога со Билјана Пешева, фитнес со Мартин Видоевски и јога за лице, а продолжува со теми посветени на самодовербата, здравата исхрана и женската благосостојба. Бојана Стојменовиќ – „Мој психолог“ ќе зборува за самодовербата, додека Драгана Младеновска ќе одржи предавање и практична работилница за здрава храна. Дел од програмата е и панел-дискусија посветена на женската благосостојба.
Покрај целата програма, секоја учесничка ќе добие и подарок-торба со производи од Neutrogena, Purito, bioten, MAX FACTOR, RIMMEL, AURA, BOURJOIS, CATRICE, essence, flormar, CURAPROX, hello smile, Rexona, Violeta, Batiste, WILKINSON, BOROTALCO, Geek&Gorgeous, it’s a 10, JAWHARA, KATIVA, MALENA SUPLEMENTS, O’KEEFFE’S, MyHOCL, ORGANIC MiMi, Balea, alverde и ebelin. Комплетната програма за „dm bring your best friend“ може да ја погледнете тука.
Настанот е продолжение на повеќемесечниот фокус на dm на женското здравје и благосостојба. По серијалот едукативни видеа со стручни лица, преку кои беа отворени теми од исхраната и хормоните до сексуалното здравје и негата на кожата, со „dm bring your best friend“ овие разговори добиваат простор и во живо и дополнети со активности, релаксација и женско дружење.
А за учесничките останува само да ја спакуваат торбата со облека и да ја поведат најдобрата пријателка и сè друго што е потребно за два исполнети дена веќе ги очекува во Маврово. Во цената од 5.990 денари за две лица се вклучени едно ноќевање, сите оброци предвидени со програмата, учеството на работилниците и активностите, како и организиран превоз. За оние кои ќе пристигнат со сопствен превоз е обезбеден и паркинг.
На 26 и 27 септември, „dm bring your best friend“ ќе го претвори Маврово во место за женско дружење, нови знаења, одмор и создавање заеднички спомени и два дена во кои жените и грижата за себе се во центарот на вниманието.

