ПИШТОЛ, ЗАКАНИ И ПАРИ Разбојник ограбил обложувалница во Бит-пазар
Машко лице со закана со пиштол ѝ се заканило на вработената и ги одзело парите од дневниот промет.

Фото: Принтскрин
Разбојништво со употреба на пиштол било извршено во спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје.
Случајот бил пријавен утрово во 00:36 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, машко лице, заканувајќи ѝ се со пиштол на вработената, одзело пари од дневниот промет и побегнало.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
CATEGORIES Македонија

